јуни 9, 2022

Одбележување на 21 Март–Ден на пролетта и екологијата 

По повод Денот на пролетта и екологијата, волонтерите од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош заедно со децата со посебни потреби вклучени во проектот за поддршка на нивната социјализација,  нивните родители и вработените спроведоа  еколошка акција за уредување и засадување нови садници во зелената површина и дворното место на  објектот на Општинската организација. Целта на оваа активности е подигнување на еколошката свест и култура на најмладите како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.

< врати се назад