декември 12, 2021

Одбележување на 5-ти Декември – Светскиот ден на волонтерството

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 3 Декември 2021 година во периодот од 11:00 до 13:00 часот на платото во Трговскиот центар ,,Лептокарија” спроведе активност за промоција на активностите на Црвениот крст.

На поставен штанд, десет волонтери од Клубот на млади поделија информативно-промотивни материјали и беџови на над 300 граѓани кои имаа можност да се информираат за Светскиот ден на волонтерството, активностите во Црвениот крст  и можноста за волонтирање во организацијата.

Како признание за хуманоста, одговорноста, посветеноста, придонесот и волонтерска работа, благодарници по повод одбележување на Светскиот ден на волонтерството беа доделени и на 6 волонтери на Клубот на млади на Општинската организација Карпош.

< врати се назад