
октомври 20, 2020
Одбележување на Европскиот ден на борба против трговија со луѓе
По повод Европскиот ден на борба против трговија со луѓе – 18 октомври Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош се вклучи во одбележувањето преку спроведување на две едукативни предавања на тема Превенција од трговија со луѓе.
На 18 Октомври 2020 година се одржа предавање за 33 волонтери и членови на Клубот на млади, а на 19 октомври се одржа предавање за 20 млади лица од целната група на проектот Хуманко и нивни родители.
Предавањата ги реализираше Марија Стојкова, повеќегодишен активен член во Клубот на млади и обучен тренер за темата. Согласно моменталната ситуација со коронавирусот КОВИД 19 двете предавања беа реализирани на електронската платформа ZOOM.
Предавањата поминаа во позитивна атмосфера со активно учество од страна на присутните учесници.




































