
октомври 31, 2022
Одбележување на Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе
На 18 октовмри, Црвениот крст на Република Северна Македонија го одбележува Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе. По тој повод Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 18 и 19 октовмри 2022 година спроведе две онлајн едукативно-превентивни работилници за 20 членови и волонтери од Клубот на млади и 16 учесници од целната група на проектот Хуманко.
Едукациите ги спроведе Марија Стојкова, обучен врснички едукатор и тренер од оваа област – волонтер од Клубот на млади. Едукациите поминаа во конструктивна атмосфера со покажан интерес од страна на слушателите.




































