
Одбележување на Меѓународниот ден на старите лица
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод Одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица – 01 октомври спроведе неколку активности со цел поттикнување на свеста за грижата кон старите лица.
Со цел промоција на Денот, волонтери од Клубот на млади изработија два специјално наменски информативни постери кои беа електронски промовирани на профилите на социјалните мрежи на ОО Карпош.
На ден 01 октомври 2022 година, волонтерите од Клубот на млади спроведоа куси телефонски разговори со 15 стари лица кои беа корисници на услугите за пазарување и достава на лекови и инсулинска терапија за време на пандемијата со Ковид 19. Разговорите беа во времетраење од 20 минути и беа со цел честитање на денот, покажување на почит и значење на старите лица и поттикнување на свеста за грижата кон старите лица.
На ден 07 октомври 2022 година Црвен крст на РСМ – ОО Карпош беше дел од настан во организација на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје преку поставување на промотивен штанд на кој посетителите имаа можност да земат информативни флаери со информации за старите лица.




































