
Одбележување на месец на борба против болестите на зависност
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош, како дел од Националното друштво континуирано се вклучува во одбележувањето на календарските активноти.
По повод одбележувањето на Месецот на борба против болестите на зависност, Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош организираше алтернативна online активност преку реализирање на квиз на Instagram профилот. Целта на квизот беше да се подигне свеста за потребата од превенција, како и проширување на знаењата од областа на болестите на зависност.
Квизот беше организиран преку подготовка на прашања и илустрации на кои следбениците на Instagram профилот можеа да дадат соодветен одговор. Во оваа активност учество земаа околу 70 млади лица кои активно учествуваа во одговарањето на прашањата.




































