
декември 10, 2023
Одбележување на Месецот на борба против болестите на зависност
Во рамки на активностите за одбележување на ноември – Месецот на борба против болестите на зависност под мотото: „Информирај се и донеси одлука!“, на 27 Ноември 2023 година од страна на Општинската организација Карпош се реализираа превентивни едукации за ученици од средните училишта.
Од страна на стручно лице од Министерството за внатрешни работи се одржаа 4 превентивни едукации со кои беа опфатени 147 ученици од прва година од средното училиште „Никола Карев „-Скопје.




































