ноември 8, 2022

Одбележување на Недела на борба против гладта

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец октомври 2022 година спроведе повеќе активности со цел одбележување на Неделата на борба против гладта која се одбележува од 16 до 22 октомври под мотото „Помислете и на нас“.

Од 01 до 15 октомври 2022 година спроведена собирна акција во ООУ „Дрита“ с.Рашче за облека, обувки и постелнина преку која се собрани 500кг материјална помош. Собраната помош беше наменета за бездомни лица и лица во социјален ризик.

На 15 октомври 2022 година во соработка со Студентската организација на Студенти по Индустриско Инженерство и Менаџмент (ЕСТИЕМ) при Машинскиот факултет Скопје во ПОГОН БАР – Скопје проведена е хуманитарна акција на која се собрани 50кг облека и обувки и парични средства од кои се обезбедија 120 кг храна.

На 24 и 25 октомври 2022 година Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош спроведе хуманитарна акција во Градскиот парк Скопје за собирање на парични средства од кои се обезбедени 130 кг храна.

Од 15 до 25 октомври 2022 година во ООУ „Петар Поп Арсов“ Скопје спроведена хуманитарна акција со вработените и учениците од училиштето од која се обезбедени 102.2 кг храна, 30.9 кг хигиена, 100 кг облека, 20 пара обукви, 200 парчиња училишен прибор.

На ден 01.11.2022 преку заедничка соработка помеѓу ООУ „Петар Поп Арсов“, СУГС „Лазар Танев“, НВО „Љубезност“-Скопје и ЦКРСМ-ОО Карпош спроведена е активност за подготовка на 40 топли оброци кои беа поделени на 40 лица – бездомници и лица во социјален ризик.

< врати се назад