март 24, 2021

Одбележување на Недела на борба против ракот

Во одбележувањето на Неделата за борба против ракот, во периодот од 1-8 Март 2021 година, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Основното училиште ,, Димитар Беровски” – Ѓорче Петров спроведе две онлајн едукации за 48 ученици од VIII и IX одделение на теми поврзани со заболувањата и превенција на малигните заболувања.
 
Воедно под менторство на 16 одделенски наставници беа организирани креативно едукативни работилници на кои вкупно 113 ученици од I-IX одделение изработија панделки и подготвија текстуални пораки за подигање на свеста кај граѓаните за рано откривање на малигните заболувња преку редовни превентивни прегледи и контроли со цел намалување на стапката на заболени лица од малигните заболувања.
 
< врати се назад