ноември 9, 2021

Одбележување на Недела на борба протв гладта

Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на борба против гладта (16-22 Октовмри), Црвен крст на РСМ -Општинска организација Карпош спроведе низа активности со кои беа обезбедени 1300 кгр.хуманитарна помош наменета за помош на 664 лица од семејства во социјален ризик.

 

 Во соработка со НВО “Љубезност” на 15 и 16 Октовмри 2021 година се реализира акција за подготовка и дистрибуција на 204 оброци за бездомните лица на територија на градот Скопје, а донација во оброци од компанијата “Ванила Фуд”-Скопје беа поделени на 106 лица во социјален ризик. Во перодот од 29 до 31 Октомври 2021 година Клубот на млади спроведе хуманитарна акција за обезбедување финансиски средства од кои беа набавени 189 кгр. прехамени и производи, а дополнително во соработка со основните училишта ,,Вера Циривири Трена”, ,,Јан Амос Коменски”, ,,Тихомир Милошевски”, приватната градинка ,,Бубамара”, Здружението на пензионери ,,Ѓорче Петров” и НВО ,,Ајде Македонија” се спроведоа собирни акции преку кои беа обезбедени уште 741 кгр. прехрамбени прозиводи, 58 кгр. хигиенски средства, училишен прибор, детски играчки и 220 кгр половна облека, обувки и постелнина и истите беа доделени на 460 лица од 115 семејства во социјален ризик.

 

< врати се назад