април 27, 2021

Одбележување на Недела на хигиенизација

 

Во одбележување на Неделата на хигиенизација во периодот од 8-15 Април под мотото  ,,Хигиената-лична обврска за колективното здравје,,, Црвениот крст на Република Северна Македонија-општинска организација Карпош во соработка со воспитно-образовните институции спроведе 27 онлајн едукации со цел цел подигнување на јавната свест за важноста од правилната и навремената хигиена и контрола и превенција од КОВИД 19.

Осум онлјан едукации беа се реализираа во трите основни училишта Вера  Циривири Трена, Христијан Тодоровски Карпош и Димитар Беровски со кои беа опфатени 134 ученици од III-то до VIII-мо одделение, а 19 онлајн едукации во средните училишта: Здравко Цветковски, Кочо Рацин и Лазар Танев  со кои беа опфатени вкупно 316 ученици од I-ва и III-та година од гимназиските класови и стручното образование.

Истовремено  во Градинката ,,Росица,,и  Основното училиште ,, Арам Писевски,,-Скопје се органзираа креативни работилница на која 39 деца од предшкоска возраст и 33 ученици од  II-рите одделенија изработија ликовни творби со содржини и пораки за значењето на хигиената.

< врати се назад