октомври 18, 2021

Oдбележување на Недела на млади

Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на млади, под мотото ,,Нашата приказна продолжува со тебе,, волонтери од Клубот на млади на Општинска организација Карпош и Општинска организација Радовиш реализираа заедничка акција за изработка на мурал во просториите на приватното училиште ,,Јахја Кемал” во Скопје.

На настанот кој се одржа на 11 Октомври 2021 година во периодот од
10:00 до 16:00 часот учествуваа 40 млади волонтери од Клубовите на млади на Општинската организација Карпош и Радовиш, волонтери од Волонтерскиот центар Скопје и ученици од училиштето ,,Јахја Кемал,,- Скопје, кои преку  креативното изразување имаа можност меѓусебно да се запознаат, да споделат свои искуства, идеи и да ги промовираат активностите и можностите за волонтирање на младите лица во Црвениот крст.

 

< врати се назад