
Одбележување нa Недела на млади на Црвен крст
Во рамките на активностите за одбелеување на Неделата на млади (1-7 Октовмри), Клубот на млади на Црвен крст на РСМ–Општинска Организација Карпош на 6 Октовмри 2020 година спореведе настан за јавнo презентирање на Извештај за работата на Клубот на млади за периодот мај 2019- јули 2020 година.
На презентацијата која се спроведе во просториите на Општнската организација вкупно 24 волонтери поделени во две групи имаа можност да го проследат Извештајот од постигнатите резултати во изминатата учебна година, и воедна да размислуваат и понудат нови идеи за подобрување на прстојните активности.

На сите присутни волонтери им беа додлени благодарници за нивниот особен придонес во работата на Клубот на млади во изминатата учебна година, а согласно протоколите и мерките за превенција од КОВИД-19, за секој учесник беа достапни заштитни маски и гел за дезинфекција, беше измерена телесна температура за присутните учесници и беше почитувано физичкото растојанието од 1.5метар.



































