октомври 10, 2023

Одбележување на Недела на Промоција на хумани вредности

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 21 до 28 септември ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности која има за цел промоција на мир, толеранција, ненасилство и соживот што е и една од стратешките цели на нашето Национално друштво. Оваа година неделата е одбележана со организирање на трибини на тема „Булинг“ наменети за младата популација. Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош својата трибина ја организираше на 29-ти септември 2023 година во дворот на објектот на ОО Карпош во периодот од 12:30 до 14:30 часот. Во трибината беа вклучени двајца водители, едно стручно лице и 48 млади слушатели од средните училишта на територија на ЦКРСМ-ОО Карпош. По завршување на трибината, беа поделени 33 благодарници на 33 младинци кои беа вклучени во ЦКА-ПХВ програмата – циклус 2023. Клубот на млади даде целосна поддршка во организација и спроведување на трибината преку вклучување на 14 волонтери.
< врати се назад