октомври 9, 2022

Одбележување на Неделата на борба против дијабетот

Во светот 366 милиони луѓе боледуваат од шеќерна болест (Diabetes mellitus), а овој број секојдневно и забрзано расте.

Според проценките на Светската здравствена организација и на меѓународната дијабетолошка федерација се очекува во наредните 20 години бројот на заболени од дијабетес да достигне околу 552 милиони луѓе, а од нив најголем пораст се очекува во земјите во развој.

Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години.

Во Република Македонија има околу 120.000 лица заболени од дијабетес, од кои само 1-3 % се со дијабетес тип 1, а останатите му припаѓаат на дијабетес тип 2.

Синдром кој често го дефинираме како метаболичка болест поврзана со пореметување во метаболизмот на јагленохидрати, белковини и масти.

Причина за болеста е недостиг или намалена концентрација на активен инсулин, било да станува збор за недоволно создавање или недоволно излачување на инсулин во панкреасот.

“Наследните (генетски) фактори влијаат кај некои луѓе за добивање на шеќерна болест. Но, сите показатели укажуваат дека начинот на живот, особено правилната исхрана и физичката активност може да одредат дали тој наследен фактор навистина може да се претвори во шеќерна болест”.

 

< врати се назад