ноември 19, 2020

Одбележување на Неделата на борба против гладта 2020

Во периодот од 16 до 22 октомври 2020 година Црвениот крст на Република Северна Македонија ја одбележува Неделата на борба против гладта под мотото „Помислете и на нас“.

 

Оваа година беше спроведена целомесечна кампања преку реализирање на активности со цел собирање на парични средства и донации во прехрамбени и хигиенски производи. Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош и оваа година се вклучи во одбележувањето преку активностите на Клубот на млади.

За време на три викенди во октомври и ноември беа поставени хуманитарни штандови за собирање на парични средства, храна и хигиена во маркетите Тинекс (Карпош 3), Веро (Тафталиџе) и КИТ ГО (Тафталиџе). Исто така во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош беше собирана облека, обувки, играчки и училишен прибор.

Од спроведените активности беа обезбедени вкупно: 353 кг храна, 21 кг хигиена, 220 кг облека, 40 парч.постелнина, 200 тетратки, 20 сликовници и 40 сетови играчки. Собраната помош беше поделена на 40 социјално-загрозени семејства и 20 деца и млади во ризик со опфаќање на вкупно 180 лица. Во активностите беа вклучени 33 волонтери од Клубот на млади кои оствариле 226 волонтерски часа.

< врати се назад