декември 16, 2020

Одбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИДА

 
Црвениот крст на РСМ-општинска организација Карпош континуирано во текот на годината се вклучува во одбележувањето на календарските недели како дел од Националното друштво. По повод одбележувањето на Неделата на борба против ХИВ/СИДА – 01-07 декември, Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош организира и реализира врсники едукации.
 
 
На ден 09 декември 2020 година беше спроведена интерактивна онлине работилница за 12 деца и млади со попреченост, дел од целната група на проектот Хуманко на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош преку користење на специјално прилагодени подготвени материјали. На ден 14 декември 2020 година беа реализирани две едукативни онлине предавања за 25 ученици од 8 и 9 одделение од ООУ „Аврам Писевски“ Бардовци. Активностите поминаа во добра работна атмосфера со активно учество на слушателите, учесници.
< врати се назад