март 20, 2023

Одбележување на Неделата на борба против ракот

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од 01 до 8 март 2023 година спроведе активности за одбележување на Неделата на борба против ракот под мотото „Знаењето спасува живот“.

На 23 февруари, 01 и 03 март 2023 година од страна на лекар беа спроведени 5 едукативни предавања наменети за 137 ученици од две средни училишта со цел подигнување на свеста кај младата популација за превенција од ракот и практикување здрав начин на живот.

На 07 март 2023 година од страна на лекар беше спроведено едукативно онлајн предавање за превенција од ракот за вкупно 42 лица меѓу кои членовите и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош и нивните родители, а дополнително беа присутни и членови и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Центар.

Во рамки на неделата, два волонтери од Клубот на млади изработија информативни постери кои беа споделени електронски на профилите на социјалните мрежи на ЦКРСМ-ОО Карпош.

< врати се назад