
ноември 3, 2022
Одбележување на Неделата на борба против шеќерна болест
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на борба против шеќерна болест под мотото „Здрави животни навики и дијабетот“ во периодот од 12 до 27 октовмри 2022 година во Црвен крст на Република Северна Македнија-Општинска организација Карпош се спроведоа 18 превентивни едукации со кои беа опфатени 354 ученици од осмите и деветите одделенија од основното училиште “Вера Циривири Трена”- Карпош и основното училиште “Дрита” во село Рашче – Општина Сарај. По една акција акција за мерење крвен притисок и ниво на шеќер во крвта се реализира во Здруженијата на пензионери “Тафталиџе” и “Ѓорче Петров” со кои беа опфатени 51 лице – пензионери.




































