декември 16, 2020

Одбележување на Неделата на борба против трговијата со луѓе

 
Црвениот крст на РСМ-општинска организација Карпош континуирано во текот на годината се вклучува во одбележувањето на календарските недели како дел од Националното друштво. По повод одбележувањето на Неделата на борба против трговијата со луѓе – 02-09 декември, Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош организира и реализира врсники едукации.
 
 
 
На ден 11 декември 2020 година беа реалзиирани две едукативни онлине предавања за 27 ученици од 7 и 8 одделение од ООУ „Аврам Писевски“ Бардовци. Дополнително на ден 12 декември 2020 година, беше организирано онлине гледање на филм и дискусија на тема „Превенција од трговија со луѓе“ за 15 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош. Активностите поминаа во добра работна атмосфера со активно учество на слушателите, учесници.
< врати се назад