
септември 26, 2023
Одбележување на Неделата на борба против туберкулозата
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 14 до 21 септември 2023 година се вклучи во одбележувањето на Неделата на борба против туберкулозата под мотото „Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“. На 21 септември 2023 година од страна на доктор по општа медицина беа одржани две превентивно-едукативни предавања наменети за 55 слушатели меѓу кои членовите и волонтерите на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош, целната група на проектот Хуманко и волонтерите од Клубот на родители на ЦКРСМ – ОО Карпош. Двете едукации поминаа во пријатна и активна атмосфера со прашања и дискусија.




































