март 9, 2021

Одбележување на Неделата на борбата против срцево-садовите заболувања

Во рамките на активностите за одбележување на Неделата за борба против срцевосадовите заболувања во периодот 21 до 28 февруари 2021 година под мотото ,,Здраво срце, среќно срце” активностите во Општинскта организација Карпош беа насочени кон подигнување на свеста на младата популација за заштита и превенција од болестите на срцето и крвните садови.
 
За таа цел, волонтерите од Клубот на млади подготвија и спроведоа онлајн анкета за 114 млади лица за утврдување на нивото на знаењата и информираноста кај младите за ризикот, опасностите и превенцијата од срцево садовите заболувања, а резултатите од истата беа споделени на социјалните мрежи.
 
Секојдневно во текот на пет дена, 30 волонтери д Клубот на млади како одговор на однапред утврдени предизвици, реализираа и на социјални мрежи објавија свои активности поврзани со практикување здрав начин на живеење преку редовни физички и социјални активности, управуавање со стрес, подготовка и конзумирање здрава исхрана.
< врати се назад