јуни 9, 2022

Одбележување на Неделата на хигиенизација,  под мотото ,,Хигиената – лична обврска за колективно здравје”

Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2022 година ќе ja одбележи Неделата на хигиенизација, под мотото ,,Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.

 Хигиената претставува гранка на здравствените науки која што промовира зачувување на здравјето, превенира инфективни преносливи болести и се залага за хигиенска практика и хигиенско однесување на индивидуата.

Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина (IFRC). Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на  болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена. 

Правилната  хигиена на рацете  има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на КОВИД-19 пандемијата.

< врати се назад