октомври 28, 2022

Одбележување на Неделата на млади 2022 – Cup of love

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 08 и 10 октомври 2022 година спроведе промотивна активност „Cup of love“ по повод одбележувањето на Неделата на млади. Пред Вело кафе во Градскиот парк и пред Добар Бар беа поставени промотивни штандови на кои 30 случајни минувачи – младинци имаа можност преку исполнување на предизвици за предизвикување насмевка да добијат бесплатно кафе и да се запознаат со можностите за волонтирање. Дополнително беше поделен и промотивен материјал од активностите на Црвениот крст.

< врати се назад