
мај 12, 2021
Одбележување на „Неделата на солидарност“
Во одбележување на Неделата на солидарност под мотото ,,Вашиот прилог значајна помош,, во периодот од 19-25 Април, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведе хуманитарна акција во Градскиот парк во Скопје.
Во акцијата беа вклучени 20 волонтери од Клубот на млади кои на случајните минувачи кои донираа парични средства им доделуваа симболични подароци од рачна изработка, а од собраните средства беа набавени 160 кгр.прехрамбени производи наменети за помош и поддршка на 20 семејства во социјален ризик.



































