март 9, 2023

Одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 21 до 28 февруари 2023 година активно се вклучи во одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања под мотото „Здраво срце, среќно срце!“.

Во рамки на Неделата, беа спроведени 8 едукативни предавања за 210 млади лица од основно и средно образование на тема „Превенција од срцево-садови заболувања“ со цел подигнување на свеста кај младата популација за применување на здрави животни навики и намалување на последиците од овие заболувања.

Дополнително, Клубот на млади по петти пат, традиционално го спроведе рекреативно едукативниот марш до Средно Водно на кој учествуваа 44 млади лица кои имаа можност да промовираат здрав начин на живот преку пешачење, консумирање вода и овошје и реализација на забавно-едукативни активности.

< врати се назад