
Одбележување на Неделата на забодравствена заштита 2020
Во рамките на активностите за одбележување на Неделата на забоздравсвена заштита во периодот 15-21 Декември под мотото ,, Здрави животни навики за здрави насмевски,, Црвен крст на РепубликаСеврна Македонија-Општинска организација Карпош на 16, 17 и 18 Декември 2020 година спроведе три едукативно превентивни предавања со цел подигнување на свеста за значењето на личната хигиена, редовните прегледи на забите и здравиот начин на живот во заштита на оралното здравје.
На едукациите кои се спроведоа во Поликлиниката Ѓорче Петров од страна на два доктори-стоматолози со примена на индивидуален пристап и користење на дидактички материјали беа вклучени 31 ученик од 2-ро и 3-то одделение од ООУ,,Дитурија Сарај.
За цело време на активноста беа запазении се применуваа сите превентивните мерки и протоколи за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД 19.




































