март 13, 2020

Одбележување на Неделата за борба против срцево- садовите заболувања

Во рамките на активностите од здравствено превентивен карактер, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош до основните организации на Црвен крст во сите основни и средни училишта, предучилишните установи, Здруженија на пензионери,  работни организации  достави типизираните предавања и визуелните презентации и насоки  за  одбележување на Неделата за борба против срцевосадовите заболувања  во периодот од  21-28 Февруари под мотото  “Здраво срце – среќно срце”,

Во соработка со Здружението на пензионери ,,Тафталиџе,, на 25.02.2020 година од страна на  др.Милена Србиноска Богданоска за 39 пензионери се одржа  едукативно предавање за превенција од срцево садовите заболувања и акција за  мерење на крвен притисок  а старите лица имаа можност и да добијат одговори  на поставени прашања и здравствени совети и препораки.

 На 24, 25, 26 и 28  Февруари  2020 година во Гимназијата ,,Георги Димитров,,  се одржаа 4 едукативни  интереактивни предавања за 120 ученици  од I-IV година  пропратени со презентација  ,,Превенција на  срцев инфаркт, мозочен инфаркт и гангрена, а на  22 февруари  2020 година, вкупно 50 волонтери од Клубот на млади мегу кои: ученици од Училишните Клубови на Црвен крст  крст во Основните училишта ”Вера Циривири Трена, ”Јан Амос Коменски, ”Мирче Ацев” и “Христијан Тодоровски Карпош”; волонтери од Клубот на млади и деца со посебни потреби –целна група од Проектот’’Хуманко’’ реализираа Марш на Средно Водно и посета на Милениумскиот крст каде преку едукативно-забавни активности, учесниците на посетителите поделија 400 претходно изработени налепници со мототo ‘’Ваше срце, Ваша цел’’, спроведоа акција  за чистење на пределот на Средно водно а имаа и едукативна работилница за заштита и превенција од срцево-садови заболувања. Оваа активноста беше поддржана од страна на Јавното собраќајно претпријатие на Град Скопје, кои им овозможија на сите учесници бесплатно користење на жичницата и бесплатен автобуски превоз.

< врати се назад