
октомври 20, 2021
Одбележување на Светски ден на бездомништво и Недела на борба против гладта
По повод одбележување на 10 Октомври-Светски ден на бездомништвото и Неделата на борба против гладта од 16-22 Октомври под мотото “Помислете и на нас”, Црвениот крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош спроведе акција за подготовка на 204 индивидуални оброци наменети за бездомните лица во Скопје.
Во подготовката на оброците беа вклучени 45 лица, волонтери од Општинската организација, Клубот на млади и нивните родители, а во соработка со НВО „Љубезност“ Скопје, делењето на оброците се реализира на 16 Октомври на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.
Активностите беа спроведени со почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.




































