ноември 15, 2022

Одбележување на Светски ден на љубезноста

По повод одбележување на 13 Номеври – Светскиот ден на љубезноста, вработените од  ”Olive Jobs” – дел од компанијата Catalyst Care Group лоцирана во Скопје во соработка со Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош спроведоа акција за обезбедување хуманитарна помош во прехрамбени производи и хигиенски средства со кои беа помогнати 51 лице во социјален ризик. Истакнувајќи ја својата хумана димензија како вработени во општествено одговорна компанија, секој од вработените упати пишана порака со потсетување  дека како луѓе секогаш сме подобри кога сме обединети и сочувствителни и дека можеме да го трансформираме светот во подобро место преку мали дела на љубезност.

 

< врати се назад