
септември 11, 2023
Одбележување на Светскиот ден на прва помош
Сите луѓе сé помалку или повеќе ранливи, но сите поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот. Ова е клучната порака од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за Светскиот ден на првата помош кога сите национални друштва организираат најразлични активности со цел да се подигне јавната свест за улогата на првата помош во превенцијата од повреди и спасувањето на човечкиот живот.
Мото за 2023г. – „Прва помош достапна за сите! Прва помош во дигиталниот свет “




































