
Одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица 2021
Во одбележување на Неделата на грижа за старите лица под мотото „Сите сме нивни деца“ во периодот од 15 до 21 Ноември, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на профилите на социјалните мрежи и веб страната на ЦКРСМ-ОО Карпош го промовира специјално подготвениот постер, а 40 постери беа истакнати во воспитно-образовните институции и други фреквентни локации.
На 24 Ноември 2021 година, пет волонтери од Клубот на млади го посетија Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани и за корисниците на домот извршија набавка и достава на прехрамбени производи, лекови а дополнително ваква услуга и достава на инсулинска терапија беше спроведена и за 5 стари неподвижни лица.
Активностите беа реализирани со примена на заштитните мерки за превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.



































