
јуни 15, 2022
Одбележување на Недела на хигиенизација
Во одбележување на Неделата на хигиенизација во периодот од 8-15 Април под мотото ,,Хигиената-лична обврска за колективното здравје,, Црвениот крст на Република Северна Македонија-општинска организација Карпош во соработка со воспитно-образовните институции спроведе 11 едукации за вкупно 209 слушатели, со цел подигнување на јавната свест за важноста од правилна и редовна хигиена како лична обврска за колективното здравје.
Десет едукации се реализираа во четири основни училишта: Вера Циривири Трена, Петар Поп Арсов, Мирче Ацев и Лазо Трповски со кои беа опфатени 192 ученици од I-во до IХ-то одделение, а една едукација се одржа во Градинката “Орце Николов” со кои беа опфатени 17 деца од предшколска возраст.



































