
мај 13, 2021
Одбележвање на Светска Недела на имунизација (24-30 Април)
Во одбележување на Светската недела на имунизација од 24-30 Април 2021 година под мотото ,,Вакцините не зближуваат” Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со воспитно-образовните институции спроведе 14 онлајн едукации со цел подигнување на јавната свест за важноста од навремена вакцинација..
Седум онлјан едукации се реализираа во основното училишта ,,Петр Поп Арсов” со кои беа опфатени 139 ученици од I до V-то одделение, а 7 онлајн едукации во средните училишта: ,,Здравко Цветковски” и ,,Лазар Танев” со кои беа опфатени вкупно 103 ученици од I-ва година од гимназиските класови и стручното образование.



































