
јуни 15, 2022
Одржана Конститутивно-изборно седница на Собрание
На 26 мај 2022 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош ја одржа Конститутивно-изборната седница на Собранието за мандатниот период 2022-2026 година.
На Седницата беа верификувани мандатите на членовите на новиот состав на Собранието и беа избрани раководните структури во организацијата за престојниот мандатен период.
За Претседател на Општинска организација Карпош беше избрана Г-ѓа Билјана Костова-претствник од Основната организација на Црвен крст во СУГС ,,Никола Карев”-Скопје, а за Потпретседател Г-ѓа Букурие Ајвази – претставник од Основната организациа на Црвен крст во ООУ ,,Емин Дураку” с.Буковиќ-Сарај.



































