
февруари 20, 2023
Одржана првата ЦКА-ПХВ работилница на македонски јазик
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 17 февруари 2023 година ја спроведе првата ЦКА-ПХВ работилница на македонски јазик за 37 младинци – ученици од пет средни училишта на територија на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Младинците за време на двочасовната работилница имаа можност да се запознаат со програмата ЦКА-ПХВ и да стекнат знаења и информации за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Работилницата беше реализирана од страна на обучениот дисеминатор Ева Максимовска,а поддршка во организацијата дадоа 4 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































