
Одржана третата работилница во рамките на ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година
На 18 февруари 2020 година во просториите на ЦКРСМ-ОО Карпош и во Сарај на 20.02.2020, се одржаа третите две работилници за дисеминација за учесниците во ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година.

Работилницата на македонски јазик ја спроведе Анастасија Јакчулева- обучен десиминатор по ЦКА-ПХВ методологија и на истата учествуваа вкупно 43 ученици од 3 основни училишта: Вера Циривири Трена, Мирче Ацев, Христијан Тодоровски Карпош и 4 средни училишта: “Никола Карев”, “Георги Димитров”, ”Здравко Цветковски” и ”Јахја Кемал” додека работилницата на албански јазик ја реализира Букурие Ајвази исто така обучен десиминатор и на оваа работилница учествуваа вкупно 25 учесници-ученици од две основни училишта: “Емин Дураку” од село Буковиќ и “Бајрам Шабани” во Село Кондово и Гимназијата ‘’Сарај”.
Целта на последната работилница од програмата на ЦКА-ПХВ за 2020 година беше учесниците да се запознаат со начинот на документирање на проекти.




































