
февруари 27, 2023
Одржана втора ЦКА – ПХВ работилница на македонски јазик
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 21 февруари 2023 година ја спроведе втората ЦКА-ПХВ работилница на македонски јазик за 34 младинци – ученици од пет средни училишта на територија на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Младинците за време на тричасовната работилница имаа можност да се запознаат со повеќе информации околу изработката на мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Работилницата беше реализирана од страна на обучениот дисеминатор Ева Максимовска,а поддршка во организацијата дадоа 2 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































