
јуни 9, 2022
Одржани прва и втора ЦКА-ПХВ работилници во ОО Карпош
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 29 март и 01 април 2022 година ги спроведе првата и втората ЦКА-ПХВ работилница за 20 младинци – ученици од четири средни училишта.
На двете работилници одржани од страна на обучениот дисеминатор Леа Манева, учесниците имаа можност да се запознаат ЦКА-ПХВ програмата, да се стекнат со знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и да се научат како се изработуваат и имлементираат микро проекти во заедницата. Активностите беа реализирани согласно мерките за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19.



































