
март 1, 2023
Одржани првата и втората ЦКА-ПХВ работилници на албански јазик
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 23 и 27 февруари 2023 година ги спроведе првата и втората ЦКА-ПХВ работилници на албански јазик за 31 младинци – ученици од три основни училишта.
Младинците поминаа две двочасовни работилници на кои имаа можност да се запознаат со програмата ЦКА-ПХВ, да стекнат знаења и информации за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и да научат како се изработуваат мали ЦКА-ПХВ проекти за придонес во добробит за заедницата. Работилниците беа реализирани од страна на обучен дисеминатор Амела Кроси.




































