
јуни 15, 2022
Одржани се третите ЦКА-ПХВ работилници на македонски и албански јазик
Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош ги спроводе третите ЦКА-ПХВ работилници на македонски и албански јазик.
На ден 30 март 2022 година беше реализирана двочасовна ЦКА-ПХВ работилница на албански јазик, додека на ден 04 април 2022 година беше реализирана двочасовна ЦКА-ПХВ работилница на македонски јазик за вкупно 40 младинци – ученици од пет средни училишта.
Младинците имаа можност да се запознаат со начинот на документирање на малите ЦКА-ПХВ проекти. Работилниците беа реализирани од страна на обучени дисеминатори Леа Манева и Гајур Пајазити.
Активностите беа реализирани согласно мерките за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД 19.



































