март 24, 2023

Одржано Годишно собрание на ЦКРСМ-ОО Карпош

На ден 15 март 2023 година Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош ја одржа првата редовна седница. На седницата беа презентирани Годишниот извештај за работа и финансискиот извештај за претходната 2022 година и Годишната програма за работа и буџетот 2023 година.
 
На седницата беа присутни членовите на Собранието, вработените од стручната служба, соработници и волонтери. На особено задоволство, свое присуство имаше и Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија – проф. д-р Ромел Велев кој во оваа прилика ги подели благодарниците за особени заслуги и придонес во остварување на задачите на Црвениот крст за Психијатриската болница „СКОПЈЕ“, Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, г-ѓа Салија Љатиф Петрушевска, г-дин Менсур Јакупов, г-ѓа Букурие Ајвази, г-ѓа Аница Оносимоска и г-дин Бујамин Исмани. По седницата за сите присутни беше послужен мал коктел.
< врати се назад