април 30, 2021

On-line едукаци за доброволно крводарување во средните училишта

Во рамките на активностите за унапредување и промовирање на крводартелството, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во периодот од 19-ти до 28-ми Април 2021 година реализира пет on-line едукации за вклучување на средношколската младина во доброволното крводарување.

Од страна на два едуцирани волонтери од Општинската организација Карпош, три едукации беа спроведени за 87 ученици од IV-та година во Средното училиште ,,Никола Карев”-Скопје, а две едукации во Средното училиште ,, Георги Димитров”-Скопје со кое беа опфатени 43 ученици исто така од IV-та година.      В

купно 130 ученици имаа можност да се информираат за доброволното крводарителството како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и  да се мотивираат да станат потенцијални крводарители.

< врати се назад