август 6, 2020

Онлајн едукаци за целна група на Проектот „Хуманко“

Во рамките на своите програмски активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а со примена на алтернативните платформи за настава преку користење на ZOOM апликацијата, во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош се спроведе онлајн едукација за значењето и начините на одржување на личната хигиена.

 Преку мултимедијална презентација и интерактивен пристап вкупно 27 млади лица со посебни потреби -целна група од Проектот „Хуманко“ имаа можност да се стекнат со знаења за здравите хигиенски навики кои водат кон подобро здравје и исто така да ја подигнат сопствената свест и едуцираноста за хигиената, хигиенската практика и хигиенското однесување 

< врати се назад