мај 28, 2020
Онлајн едукаци за членовите на Клуб на млади
Во време на вонредната состојба кога движењето на младите беше ограничено, Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општиска организација Карпош реализира алтернативни активности со цел да се овозможи континуирана едукација на членството.
На 22 Мај 2020 година со користење на ZOOM апликацијата вкупно 23 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош имаа можност да ги освежат своите знаења поврзани со историјатот, организацијата и работата на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На 25 Мај 2020 година на истиот начин се реализираше и едукација за превенција и заштита од Коронавирусот за 22 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош.




































