
јуни 9, 2022
Онлајн едукации за мотивација на млади крводарители
Во рамките на активностите за унапредување и промовирање на крводартелството, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 26 март 2022 година реализира online едукација за вклучување на младите во доброволното крводарување.
Со едукацијата која се одржаа од страна на едуциран волонтер од Општинската организација Карпош, беа опфатени 24 членови и волонтери од Клубот на млади на оштинската организација Карпош кои имаа можност да се информираат за доброволното крводарителството како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители.



































