септември 5, 2022

ПХВ недела 2022

ПХВ неделата (Промоција на хумани вредности) се одбележува во периодот од 21-27 септември, а има за цел да се анимираат младите, да се промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата!
 
Оваа година ја одбележуваме со Ликовен конкурс за тема “ Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение. Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор.
 
Праќањето на творбите треба да биде по мејл, во организацијата на Црвен крст во вашиот град, од 12 до 27 септември. Наградата е викенд за цело семејство во Струга во Х.Солферино, за најуспешните во двете категории.
 
Технички детали: Цртежот треба да се фотографира без блиц (со природна светлина) и да се испрати во JPG формат со следни информации: име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел).
 
Повеќе информации во најблиската канцеларија на Црвен крст во вашиот град!!!
Tелефонски број: 078/251-493
Маил: karpos@redcross.org.mk
 
Ги очекуваме вашите креативи!!!
 
May be an image of text
 
< врати се назад