
јуни 22, 2023
Поддршка на активностите на Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“
Во рамки на соработката со Здружението на пензионери “Ѓорче Петров”, тим составен од лекар и едуцирани демонстратори по прва помош од Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 11 јуни 2023 година учествува и дадоа поддршка во обезбедувањето на 27-те Регионални пензионерски спортски натпревари 2023.
На настанот кој се одржа во спортско-рекративниот центар “Сарај”-Скопје, а организатор беше Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“-Скопје беа присутни над 300 пензионери-натпреварувачи во 11 спортски дисциплини.




































