
Поддршка на фестивалот „Еволуција на сонот“ 2025
Во периодот од 11 до 13 септември 2025 година во рамки на Деновите на општина Ѓорче Петров се одржа тридневниот фестивал „Еволуција на сонот“. Фестивалот е настан со фокус на урбаната култура, домашна и интернационална уметничка сцена, ангажираност на заедницата и културна продукција со музика, перформанси и невообичаена форма на изразување.
На покана на организаторот на фестивалот, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош даде поддршка со присуство на тричлена екипа и опрема по прва помош за време на тите дена од 20 до 00 часот. Дополнително, на настанот беа присутни и двајца волонтери задолжени за реалистичко прикажување на повреди меѓу кои и белодробно оживување, активност што беше привлечна за голем број случајни минувачи и посетители.




































