
март 8, 2021
Поддршка за лицата во трето доба во Домот за стари лица ,,Мајка Тереза’’ Скопје
Со цел превенирање и намалување на ризикот од ширењето и инфицирањето со коронавирусот на лицата од третото доба, Општинската организација Карпош во текот на Јануари и Февруари 2021 година реализираше активности за помош и поддршка на 70 лица сместени во Домот за стари лица “Мајка Тереза” во населба Злокуќани-Скопје.
Вкупно 6 волонтери од Клубот на млади на Општнската организација Карпош организирани во тимови, по ротирачки модел извршија 3 посети во Домот за стари лица “Мајка Тереза” и реализираа 40 сервисни услуги за набавка и достава на прехрамбени производи, хигиенски средства и лекови за 70 лица кои се постојани жители во истиот.
За време на активностите, целосно беа запазени безбедносните мерки за заштита од вирусот КОВИД-19.

0
People Reached
0
Engagements
Boost Unavailable
Like
Comment
Share



































